25 Минути: Aгонија на пациентите – без терапии, без лекови, игнорирани од државата
Од недостаток на слободни термини за специјалистички прегледи, па сѐ до чекање шест месеци за снимање на магнетна резонанца и недостаток на лекарства за најболните граѓани на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Македонското здравство е пред колапс.
25 Минути истражува зошто е толку тешко матичен лекар да закаже преглед кај специјалист преку „Мој термин“, која е причината поради што сѐ потешко се доаѓа до снимка од магнетна резонанца, но и кој е одговорен за недостатокот на терапии за лицата болни од канцер.
Гости во 25 Минути се Др. Петра Темелкова, матичен лекар, Беким Сали, министер за здравство и Тони Гламчевски, дописник за МИА од Нанс, Франција.