25 минути: Дали има воопшто нов француски предлог?
Француски предлог по неколку неделно патување на релација Париз-Брисел-Софија, конечно пристигна на Илинденска број 2. Додека премиерот Ковачевски заедно со владините коалициски партнери го преставија Францускиот предлог на јавноста тврдејќи дека македонскиот јазик е заштитен, а историјата е надвор од преговарачката рамка, во јавноста се наметнуваат дилемите дали спакуваните измени се навистина нови. Кои се значајните промени што го премислија премиерот да го тргне тврдото „НЕ“, зошто спорот со Бугарија е дел од преговарачката рамка, но и кои овој пат ќе бидат македонските црвени линии?
Решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Македонија тешко оди кога политиката и правдата треба да се чекаат од аргументите на помоќните. Имајќи го ова на ум, може да се претпостави дека на Скопје тешко ќе му оди новиот француски предлог кога ќе треба да го елаборира пред јавноста.
Гости во 25 минути се Павле Трајанов, претседател на политичката партија Демократски сојуз, Петар Арсовски, политички аналитичар и Михаил Вит, универзитетски професор од Прага, Чешка.