„Strange Fruit“: Дали познатата верзија на Били Холидеј е најпотресната песна на сите времиња

Можете ли да замислите дека никогаш порано не сте ја чуле оваа песна и дека треба да откриете какво чудно овошје виси од гранките на тополата? Тоа ни се открива додека слушаме, низ слики на испакнати очи и виснати усни.

Критичарката Емили Џеј Лорди ја опишува единствената моќ благодарение на која песната, дури 82 години откако беше за прв пат изведена, ни предизвикува шок.

На 20 април 1939 година, џез-пејачката Били Холидеј (родена во 1915 како Еленор Фаган) влезе во студио со осумчлениот бенд ја сними Strange Fruit. Потресната песна за ужасите на линчувањето не само што е нејзиниот најголем хит, туку стана една од највлијателните протестни песни на 20 век – која и денес зборува за расно заснованото насилство.

 

Списанието „Тајм“ во 1999 ја прогласи за песна на векот, а приказната за нејзиното значење прерасна во легенда.

Првично, песната наречена „Bitter Fruit”  „Горчливо овошје“ ја напиша еврејскиот учител Абел Мирпул под псевдонимот Луис Ален како реакција на линчувањата во јужноамериканските држави

.-Ја напишав „Strange Fruit“ затоа што мразам линчувања, ги мразам неправдите и ги мразам луѓето што го поттикнуваат тоа –  рече тој во 1971 година.

Никогаш не присуствувал на линчување, но се претпоставува дека Strange fruit ја напишал откако ја видел вознемирувачка фотографија од Лоренс Битлер, на која се гледа линчувањето на Томас Шип и Абрам Смит во Индијана во 1930 година.

Линчувањата почнале да опаѓаат во времето кога песната беше објавена, но фотографиите како оние што ги направил Батлер останаа силно втиснати во главите на пошироката јавност.

Набргу по објавувањето на текстот, Мирпул ја компонирал музиката. Ја пеела џез-пејачката Лора Данкан – на состаноците на синдикатот, па дури и во Медисон Сквер Гарден, каде Роберт Гордон, новиот менаџер на џез-клубот Café Society веројатно ја слушнал за прв пат во 1938 година. Му ја посочил на Барни Џозефсон, сопственикот на клубот, и одлучиле да го поканат Мирпул да ја отсвири специјално за Били Холидеј.

Во центарот на вниманието

Вилијам Дефти, коавтор на биографијата Били Холидеј: Дамата пее блуз, во една прилика рекол: „Таа не ги пее песните; таа ги трансформира“.

Холидеј, нејзиниот најблизок соработник Сони Вајт и аранжерот Дени Менделсон три недели работеа напорно пред премиерно да ја изведат преработената верзија на Strange fruit.

Во книгата Чудно овошје: Биографија на една песна, писателот Дејвид Марголик тврди дека поради политиката на целосна интеграција, клубот бил „веројатно единственото место во Америка каде што можело песната да се пее и да се слуша со задоволство“.

Со цел публиката вистински да се препушти, Холидеј и Џозефсон ги подготвуваа настапите на посебен начин: Strange fruit секогаш се изведуваше на крајот, во апсолутна тишина, без да се служат пијалоци, а за време на настапот беше осветлено само лицето на Били Холидеј сите други светла беа исклучени.

Како што рече Џозефсон: „Не можете да не ја запомните, буквално ви се врежуваше во свеста“.

Она што се случи по првата изведба на Strange Fruit во Café Society навестува каква ќе биде реакцијата на публиката по излегувањето на албумот.

-Кога ја испеав за прв пат, мислев дека нешто не е во ред …откако завршив немаше аплауз ниту во најава. Следниот момент, само едно лице започна силно да аплаудира. Потоа целата сала аплаудираше  – вели Холидеј во нејзината автобиографија.

Слушајќи ја како пее за „тешкиот мирис на изгорено тело“ веднаш по нејзините џез балади, предизвикуваше непријатност. Мирпул напиша: „Тоа беше запрепастувачка, најдраматична и најимпресивна интерпретација што би го нарушила мирот на слушателот каде и (Холидеј м.з.) да ја изведеше“.

Со текот на времето, песната се најде на програмите за концерти, истовремено предизвикувајќи низа реакции, од солзи до напуштање на концертот и расистички упади.

Радио станиците во Америка и странство ја означија како несоодветна, а издавачката куќа Колумбија одби да ја сними. На турнејата на која се изведуваше, некои сопственици на сали се обидуваа да ја убедат да не ја пее од страв да не ги изгубат или да ги налутат посетителите.

Слушателите не само што беа вознемирени и трогнати од политичката тема на песната, туку и од начинот на кој Холидеј ја изведуваше, стил често опишан како длабоко вознемирувачки.

Во својата книга Црно ехо: големите пејачки и афро-американската литература, Лорди тврди дека тоа било резултат на нејзиниот свесен избор.

За Би-би-си култура, Лорди вели: „Минималната естетика го тера слушателот да се фокусира на шокантниот текст. Начинот на кој ги сече слоговите додека пее открива бес до точка на вриење, особено кога вели„ паѓаат“. Но, но нејзината интерпретација е втисната и длабоката тага “.

Скоро веднаш по објавувањето, Strange Fruit  неповратно влијаеше на американското општество, што ја прави единствена.

Семјуел Стрејнџ, колумнист во Њујорк Тајмс, напиша: „Дури и по десеттото слушање, ќе ги затворите очите и ќе се фатите посилно за столот. И во овој момент додека размислувам за неа, се наежуваат неколкуте влакна на мојот врат и сакам да удрам некого. И знам кого“.

Strange fruit  не е првата популарна песна која се занимава со расни теми. Black and Blue на Фетс Волер излезе десет години порано, а Лид Бели го сними The Bourgeois Blues истиот месец која Холидеј ја сними Strange Fruit.

Но, Strange Fruit се издвојува меѓу протесните песни заради реалната содржина и комерцијалниот успех што следеше после тоа. Тед Хершорн, архивар во Институтот за џез студии во Рутџерс, за БиБиСи Култура изјави: „Тоа беше протестна песна со толку директна порака што се прослави надвор од Харлем …Ги соголи и пејачката и публиката“

 

Повик на бунт

Оваа смела конфронтација доведе до движење што ќе го промени текот на американската историја. Борците против линч ja испратиja Strange fruit до конгресмените за да ги охрабрат да предложат закон за спречување на линчувањето.

Списанието „Тајм“ зборува за песната како „врвна форма на музичка пропаганда за Националното здружение за унапредување на позицијата на обоените луѓе (НААЦП).“ Ахмет Ертегун, подоцна ко-основач на „Атлантик рекордс“, ја нарече „објава на војна … почеток на движење за граѓански права “.

Strange Fruit исто така привлече и несакано внимание на нејзините творци.

Во 1940 година, Комитетот за проучување на антиамериканските активности, примарно комунизам, го повика социјалистот Мирпул да сведочи и го праша дали Американската комунистичка партија му платила да го напише текстот.

Новинарот Јохан Хари сугерира дека иако приказните дека Холидеј користеле дрога кружеле и претходно, нејзиниот прв настап со Strange fruit дефинитивно ја стави под контрола на Хари Анслинџер, озлогласениот шеф на Федералното биро за наркотици.

За некои, приватниот живот Били Холидеј и Strange fruit се неразделни: деловите од нејзината биографија што ја направија персонификација на трагична џез-хероина се причината зошто нејзиниот глас сè уште нè прогонува.

И покрај фактот дека Холидеј никогаш не билa сведок на линч (за разлика од она што го прикажува филмот филмот „Дамата пее блуз“ со Дијана Рос од 1972 година), Strange fruit сепак ја евоцира расната неправда што ја почувствувала кога бил убиен нејзиниот татко Кларенс, кому не му била овозможена медицинска помош во болница во Тексас.

Но, како што песната се одделуваше од личниот живот на пејачката, така низ децениите се дистанцираше и од специфичниот ужас на линчувањето. „Започна, на некој начин, да пее за расизмот воопшто“, изјави Марголик за Би-Би-Култура.

„Од време на време сме сведоци на ужасни сцени, но линчувањето стана еден вид метафора и во таа смисла, со текот на времето, падна во втор план.

Можеби затоа Мирпул, според Марголик, подоцна изјавил дека Strange fruit „припаѓа на триесеттите години“.

Но, нejзиното влијание не стивнува со децении. Песните поврзани со движењето за граѓански права од 60-тите години на минатиот век се помалку експлицитни, но Марголик тврди, „Strange fruit ги создаде оние луѓе кои подоцна ја пееле протестната музика од 60-тите години на минатиот век и им покажала колку силен впечаток може да направи  една убедлива песна“.

Многу музичари ja обработиле, вадеа семплови, ја адаптираа, а најпознатата верзија ја изведе Нина Симон во 1965 година.

Примероци од тој аранжман користеше Кание Вест во неговата „Крв на лисјата“ во 2013 година. Во 2017 година, британската пејачка Ребека Фергусон објави дека ќе ја прифати поканата да пее на инаугурацијата на тогаш избраниот претседател Трамп само ако може да ја отпее Strange fruit.

Лорди верува дека огромната моќ на песната лежи во начинот на кој таа „толку непогрешливо го соголува расното насилство“. Веднаш помислуваме на неа кога некој ќе не праша: „Која песна најсилно ве асоцира на трајното наследство на расно засновано насилство во оваа земја и ширум светот“.

Strange fruit беше вклученa во Конгресната библиотека во 2002 година, што ja овековечи како песна од големо значење за музичкото наследство на САД. Холидеј почина во 1959, a Мирпул во 1989 година, но нивната соработка го издржа тестот на времето, а моќта на песната да шокира никогаш не ослабна. Оттогаш, таа инспирираше музичари да пеат за неправдата, директно и со свесност дека песната може да биде вечен двигател на општествените промени.

Автор: Aида Амоако
Превод: Лени Фрчкоска

Source BBC Culture