Oглас за привремен ангажман на професионални судски набљудувачи на кривични и граѓански судски постапки

Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија објавува

Јавен оглас

за привремен ангажман на професионални судски набљудувачи на кривични и граѓански судски постапки во основните судови во Р.Северна Македонија во следните градови:

 

  1. Скопје
  2. Штип
  3. Струмица
  4. Гостивар
  5. Тетово
  6. Битола
  7. Прилеп
  8. Охрид
  9. Струга
  10. Велес
  11. Куманово
  12. Неготино
  13. Кавадарци
  14. Кичево
  15. Кочани
  16. Гевгелија

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма)
  • Познавање и работење во Microsoft Word
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Законот за парничната постапка како и познавања на Европската конвенција за човекови права
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
  • Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки

Врeметраење на ангажманот ќе биде од септември до декември 2021 година.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик.

Рокот за пријавување е до 15.08.2021 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака “За набљудувач на судски постапки“

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право или граѓанското право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствува на еднодневна обука за целите и методологијата на истражувањето.