Протест на украинските ЛГБТИ активисти пред претседателскиот кабинет 

Новоформираната асоцијација „UkrainePride“ ќе биде домаќин на Парадата на гордоста во Киев, Украина, на 30 јули пред зградата на претседателската администрација, според украинското издание на вестите „Киев пост“. Настанот во Киев ќе трае од 16 часот до 22 часот по локално време.

Активистите за правата на ЛГБТИ заедницата првично го поддржаа изборот на Зеленски во 2019 година, но бидејќи тој не го искажа јавно својот став за правата на ЛГБТИ лицата, веќе не ја има нивната поддршка. Тој исто така одби да го осуди анти-ЛГБТИ законодавството подготвено од неговата партија што одекнува во соседните анти-геј закони на Русија за таканаречената „ЛГБТИ пропаганда“.

Организаторите на Парадата на гордоста посочија дека за време на демонстрациите, ќе побараат усвојување на нова законска рамка во која ќе биде вклучена заштитата на ЛГБТИ лицата од злосторствата од омраза во Украина. Дополнително, активистите ќе побараат истрага за нерешените случаи за нападите врз ЛГБТИ заедницата, вклучувајќи ја полициска рација во 2019 година во геј клуб во централниот украински град Днипро, во која властите, наводно, ги принудиле посетителите да останат на истото место со часови, додека им упатувале хомофобични навреди.

Истакнати активисти на ЛГБТИ исто така претрпеа бројни физички напади во последните неколку години. Само во  2018 година, локалниот поборник Борис Золотченко беше претепан од група од 10 мажи, а активистката Виталина Ковал беше мета на хемиски напад.

„ЛГБТИ заедницата во Украина континуирано страда од неказнети напади од десничарски радикали, што ја прави земјата опасна за сопствените граѓани и непривлечна за странските гости“, се вели во соопштението на „UkrainePride“ објавено на Инстаграм.

„Насилните постапки на владата не обединуваат во заедничката желба за владеење на човековите слободи и права. Лишени од заштитата на државата, ние го користиме единствениот ефективен инструмент за директна демократија што ни е оставен – протест.”

Source THEM