TikTok на една студентка стана популарен покажувајки како нејзините соученици-мажи постојано ја прекинуваат на Zoom

„Снимкa во живо од жена во СТЕМ“, напиша Клер Мекдонел, која е една од четирите жени во нејзината програма.

 

Клер Мекдонел (22) е една од четирите жени меѓу скоро 60 мажи во додипломската програма за наука и финансии на Универзитетот во Ајова. „Неколку од девојките го имаат најдоброто рангирање во програмата, и колку и да имаме академско искуство, никој од мажите изгледа дека не нѐ сфаќа сериозно“, изјави Мекдонел за BuzzFeed News.

На почетокот на оваа недела, додека беше на видео повик за комерцијален групен проект, таа започна да снима бидејќи нејзините машки соученици постојано ја прекинуваа и ги отфрлаа нејзините идеи. На почетокот, рече таа, сакала да го испрати видеото само на пријателка и друга жена во програмата.

Но, таа повторно го погледна видеото и помисли дека тоа е толку одличен пример за „колку често ова им се случува на жените во полиња каде доминираат мажи“, па го објави во вторникот на својот ТикТок. Таму, видеото брзо стана популарно, а сега е прегледано над 2,4 милиони пати. „Снимка во живо од жена во СТЕМ“ е насловот на видеото.

Во него, таа е видена како се обидува да даде сугестии и предлози, но се фрустрира кога нејзините партнери од групниот проект се чини дека воопшто не ја перципираат. Мекдонел рече дека иронијата на тој инцидент е што таа имала најголемо работно искуство од сите нејзини соученици на полето опфатено со задачата – но никој не го ценел тоа.

„Кога го снимив тоа, беше само смешно затоа што со години работев во комерцијален ангажман и [задачата] беше истата работа што ја работев во таа улога“, рече таа. „Јас имам најголемо искуство [од] сите нив.“ Мекдонел рече дека ТикТок е само еден пример за сексистичка средина на која е навикната во одделот на природните науки, и во индустријата во целина. „Ова се случува на дневна основа“, рече таа.

„Има задачи на кои ние (другите жени во програмата СТЕМ) ќе им помагавме на другите соученици и тие ќе ја преземат заслугата за истото. Ако дадеме идеја, без разлика дали е теоретска или каков било вид на мислење, секогаш како да се двоумат дали да ни веруваат.“ „И ако тие веруваат во тоа, тогаш тие ќе ја земат заслугата, ќе кажат  јас веќе го знаев тоа, и ја повторуваат на другите луѓе претставувајќи ја како да е нивна.“

Таа рече дека во една инстанца минатата година со професор на одделот, тој се приближил до неа и до друга жена колешка и ги прашал: „Дами, разбирате ли што се случува?“ за материјалот од часот.

BuzzFeed News се обрати до Универзитетот во Ајова и одделот за коментар на нејзините видеа.

Мекдонел додаде дека вниманието што го привлекува од нејзините машки соученици е „морничаво“, а некои дрско и пишуваат за нејзиниот изглед, а други ја покануваат да излезе со нив. Нејзиниот ТикТок за кратката интеракција на предавањто одекна со луѓе надвор од СТЕМ и универзитетот, а реакциите се брутални. „ОВА СЕ СЛУЧУВА ПРЕЧЕСТО И НЕ Е ОК !!!!! искоментира едно лице. „Ова ме тера да вријам од внатре“, додаде друго лице. „Начинот на кој вријам од бес“, додаде уште едно лице. Некои ја советуваа Мекдонел да продолжи да зборува и додека пробуваат да ја прекинуваат.

“Буквално продолжете да зборувате. Не пелтечете. Не паузирајте. Зборувајте како да не зборуваат ништо”, напиша еден коментатор. „Продолжете да зборувате додека не сфатат дека ве прекинале“, кажа друго лице. Мекдонел рече дека не очекувала дека ќе стане толку популрно видеото, но исто така не е изненадена што тоа се случи затоа што толку многу жени можеле да се поврзат со истото.

Колку што таа знае, никој од нејзините машки колеги на проектот не знаат за нејзиниот ТикТок – или барем не и се обратиле откако се проширил истиот. „Не можете да го промените начинот на кој тие ги гледаат жените преку ноќ, но да се повлечат и да слушаат… Ако имам нешто да кажам, само слушај“, ги советуваше таа било кој од нив што можеби ја читаат оваа статија. „И не само да слушаш, туку имплементирај го она што јас и другите жени го кажуваме“.

„Од надворешна перспектива, треба дури и да се смеете поради тоа колку е ужасно“, додаде таа. “Се работи за многу сериозно прашање што открива колку жени го доживуваат тоа. Ова е нешто што треба да се промени. Мажите треба да бидат подготвени да ги направат тие промени”.

 

 

Source BuzzFeedNews