Tiny Pretty Things и безвременската привлечност на балетските драми
На Нетфликс не му требаше сложен алгоритам за да открие дека „ Tiny Pretty Things “ ќе стане мојата нова опсесија. Во неодамна објавената драма на Нетфликс станува збор за убиство во балетско училиште по кое доаѓа нов студент кој мора да научи да се движи низ апсолутно чудната и безмилосна околина, каква што е престижната балетска академија.
Кога и самата бев младо, убаво девојче, имав два сона во животот: да бидам возач на автобус и балерина. Претпоставував дека и едното и другото може да се завршат истовремено ако само возев автобус наутро и бев во корпусот на балетот ноќе. Животот испланиран пред 10 годишна возраст, навистина знаев каде терам. Малиот проблем со стапалата и колената што покажуваат во погрешна насока на крајот ме спречија да го остварам сонот да станам балерина, но секогаш можам да ја доживеам напнатата, елегантна драма во светот на балетот во сериите, документарците и филмовите посветени на уметничката форма. За среќа на љубителите на балетот, има огромна содржина на балет што можат да ја консумираат наместо да одат на вистински балет и е експоненцијално поевтина од седиштето во Lincoln Center.
Кога ќе завршите со Tiny Pretty Things и сакате повеќе балетска драма, еве неколку препораки за да ја разгорите вашата нова опсесија.
Dance Academy (Нетфликс)
Дали обожавате акценти, балет, злобни девојки кои се осеќаат супериорно и плачење? Доколку рековте да на дел или на сите горенаведени, тогаш Dance Academy е направена за ваше задоволство. Серијата чие дејство се случува во училиште за танцување во Сиднеј, Австралија, следи шест студенти низ нивните тешки искуства на академијата со надеж дека ќе ја добијат посакувана позиција во австралиската фиктивна балетска компанија. Серијата е неверојатно забавно тинејџерско шоу, како ДеГраси, но со танц, со три сезони и еден спиноф филм.
Flesh and Bone
Flesh and Bone, серија што имаше премиера на STARZ во 2015 година, е мрачна но извонредно изработена драма од еден од писателите на Breaking Bad. Актерката Сара Хеј игра во улогата на Клер, млада танчерка која започнува да работи во измислената американска балетска компанија во Њу јорк. Од самиот почеток е јасно дека кротката Клер не е само добра танчерка, таа е чудо од дете и претставува закана за главната танчерка на компанијата, Кира (Ирина Дворовен) која е постара. Серијата ги следи Кира и Клер додека се натпреваруваат за главната улога во новокореографскиот балет од уметничкиот директор на компанијата. Истовремено, Клер е нурната во ноќниот живот на богати њујорчани кои сакаат да трошат пари и да бидат опкружени со прекрасни балерини. Серијата е прекрасна затоа што има премногу непредвидливи пресврти. Во еден момент, едноставно гледате серија за завојувани балерини, во следниот, внесени сте во светот на насилство, неповрзан со балетот, што го претрпел секој лик, за да стане тоа што е.
A Ballerina’s Tale (Нетфликс)
Мисти Копланд влезе во историјата како прва црна жена, која стана главна танчерка во Американски балетски театар во Њу јорк во 2015 година, снимајќи класичен балет во нова стратосфера од мејнстрим релевантност. Балеринска приказна, документарец објавен истата година, е поглед во секојдневниот живот на Копленд како еден од ретките црни членови во компанијата, следејќи ја нејзината секојдневна рутина на обуки, проби и обидувајќи се да живее донекаде нормален живот како ново лице на балетот.
Документарецот се доживува неверојатно интимно, а сепак е беспрекорен. Во мемоарите на Копленд, таа детално ги опишува своите борби со нејзината мајка и сиромаштијата што го отежнува нејзиниот фокус да биде само на балетот се додека друго семејство не интервенира во животот на Коупленд. Оваа информација е главно површно разгледана во A Ballerina’s Tale со поголем фокус ставен на нагорна траекторија на кариерата на Копланд. Документарецот исто така го става подемот на Копланд во контекст на историјата на балетот, со посебен фокус кон црните танчери, кои беа реткост во американскиот балет. Личниот херој на Копленд, Равен Вилкинсон, во голема мера се појавува во делот за историја на документарецот, бидејќи важи за првата жена Афроамериканка што танцувала за голема компанија, Балетот Русе де Монте Карло, што им го отвори патот на следните танчерите.
First Position (Нетфликс)
За оние кои сакаат силна конкуренција, First Position е апсолутно нешто што мора да се види. Овој документарен филм од 2012 година следи шест млади танчери додека се подготвуваат да се натпреваруваат на Гран При на Младинци во Америка, национален натпревар за танцување за деца и тинејџери, посетуван од извидници на талент од некои од најголемите светски компании. Гран при е отворено натпреварување поделено по возрасна група каде што младите танчери изведуваат варијации по сопствен избор за комисија. Наградите се движат од трофеи до стипендии, до понуди за работа во балетски компании ширум светот. Документарецот ги прикажува животите на децата кои играат балет, вклучително и утрински час по балет пред училиште, училишните денови, дополнитени проби на балет и макотрпно повторување на истегнувањето на стапалата и колковите направени дома со помош на уреди што изгледаат како некогаш да се користеле во средновековни комори за тортура. Исто така, прекрасно ги доловува раните фази на кариерата на прославената балерина Михаела ДеПринс пред да стане солист на холандскиот национален балет.
On Pointe (Дизни +)
За поажуриран поглед кон животот на децата опседнати со балет, не гледајте подалеку од On Pointe. Документарецот ја следи училишната 2019-2020 година на младите во школата за американски балет, една од најпрестижните балетски училишта во САД. Серијата следи неколку различни деца и неколку тинејџери додека училиштето се подготвува за годишната претстава „Оревокршачка“ во „Линколн“ центарот, на која учествуваат деца од училиштето. И додека документарниот филм е со ограничен обем со оглед на потребата на Дизни да биде исклучително пријатна за семејството, она што ме задржа да се вратам да ја гледам оваа серија беше дихотомијата помеѓу студентите со пари и студентите без нив.
Оваа споредба најостро се гледа меѓу две деца Изабела и Софија, двете од Њујорк. Изабела треба да се качи во еден автобус и да смени два воза за да стигне до центарот „Линколн,“ патувајќи со родители кои многу малку зборуваат англиски и никогаш не чуле за „Оревокршачка“ до нејзината аудиција. Во меѓувреме, Софија и нејзината мајка само возат откако уживаа во оброкот во нивната пространа, блескава бела кујна. Во тој момент се чинеше дека продуцентите поставуваат темели за разговор за нееднаквостите во светот на танцот, иако документарецот во голема мера ја закопува темата. Настрана од недостатоците, ќе се најдете себеси како навивате за успехот на овие деца.
Black Swan
Секоја листа за балетски серии и филмови ќе биде нецелосна доколку се занемари филмот за кој Натали Портман доби Оскар, Black Swan. Овој филм, во режија на Дарен Аронофски, ве победува со очигледните алегории за човечката состојба – сите сме истовремено црно-бел лебед затоа што во себе содржиме и добро и зло. Но, трилерот му се посветува на реализмот со изведбата на Сара Лејн, која беше двојничка на Портман и танцуваше сцени од Black Swan додека заслугата ја зема Портман. Лејн, која во тоа време беше директорка на американскиот балетски театар, е нешто што го прави овој филм извореден, нејзиното танцување е такво што го прави Black Swan пријатен за гледање.