Скоро 20 000 македонски граѓани од минатиот петок до среда ја поминале границата со Србија, покажуваат официјалните податоци на МВР. Се претпоставува дека многумина од нив биле таму да се вакцинираат откако северниот сосед ги отвори вратите за вакцинација за странски државјани без претходна пријава. Но, стравот настана кога министерот за здравство Венко Филипче објави дека 28 годишна девојка добила тромботична реакција по примена вакцина на Астра Зенека во Србија и ја стопираше вакцинацијата за лица помлади од 60 години, по што најави дека ќе бидат внимателни и ќе чекаат се додека не добијат официјален став од Европската Агенција за лекови.
Гости во најновото издание на емисијата 25 минути се Петар Арсовски, ПР експерт, д-р Александар Ивковиќ (Ниш, Србија), Татјана Стерјова Душковска, Коморски инвестициски форум и Љубиша Николовски, новинар.