Промовиран прирачник по драмска уметност во издание на „Театар за сите“

Вчера, во Public Room се одржа промоција на прирачникот по драмска уметност во издание на „Театар за сите“. Промотери на прирачникот беа писателката и професорката на ФДУ- Скопје, Ана Стојановска и актерот и режисер Бесфорд Идризи, кој воедно е преведувач на прирачникот на албански јазик, а модераторка на настанот беше глумицата Ангела Стојановска.

„Овој прирачник содржи вежби по актерска игра, драмско пишување и театарска режија, собирани од различни извори во период од една деценија. Дел од вежбите се работат и на драмските академии во светот, а дел од нив се работат исклучиво на одредени семинари или работилници, водени од специјализирани/сертифицирани тренери. Некои вежби се создадени во текот на мојата и праксата на моите колеги, а некои, пак, се преземени од други прирачници што не се преведени на македонски јазик.“

Автор и приредувач на прирачникот е режисерот и професор Милош Андоновски, а ко-автор на едно од поглавјата е актерот Христијан Поп Симонов.

Фото: Кирил Зеленковски. Локација: Public Room

 

Публикацијата е продуцирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините на публикацијата се исклучиво одговорност на Здружението за театарска едукација и продукција ТЕАТАР ЗА СИТЕ Скопје и ненужно ги отсликуваат погледите на Европската Унија. Проектот „НОВИ ПУБЛИКИ“, во чии рамки е и публикацијава, е овозможен од Регионална мрежа за културна разновидност [READ – Regional Network for Cultural Diversity].

Фото: Кирил Зеленковски. Милош Андоновски, Ангела Стојановска. Локација: Public Room
Регионална мрежа за културна разновидност е регионален проект финансиран од Европската Унија со главна цел да им овозможи и да им даде поддршка на актерите од цивилното општество да промовираат и негуваат меѓукултурна писменост, толеранција и демократски вредности со особен фокус на младите.
Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti I Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Krokodil (Србија), Qendra Multimedia (Косово).