Џил Бајден: Од професорка до прва дама на САД

Стоејќи во празната училница каде предаваше англиски јазик во 90-тите години, Џил Бајден држеше говор на конвенцијата на Демократската партија откако нејзиниот сопруг беше официјално прогласен за претседателски кандидат.

Откако се заложи за избор на Џо Бајден, нејзе и се придружи нејзиниот сопруг кој ги пофали нејзините квалитети како потенцијална прва дама.

“За сите вас низ целава земја, само помислете на вашиот омилен едукатор кој ви даде доверба да верувате во себе. Таков вид на прва дама…ќе биде Џил Бајден, ” рече тој.

Но, што знаеме за жената која наскоро ќе му се придружи на нејзиниот сопруг во Белата куќа?

Џил Џејкобс е родена во јуни 1951 година во американската држава Њу Џерси. Најстарата од пет сестри, пораснала во предградието на Филаделфија, Вилоу Гроув. Пред да се омажи за Џо, таа беше во брак со поранешниот фудбалер Бил Стивенсон. Џо Бајден ги загуби својата прва сопруга и неговата едногодишна ќерка во сообраќајна несреќа во 1972 година. (Неговите синови Бо и Хантер ја преживеаја несреќата.) Џил вели дека таа го запознала Џо преку неговиот брат три години подоцна. Во тоа време, тој беше сенатор, додека таа сè уште беше на колеџ. „Излегував со момци во фармерки, кломпи и маици, тој дојде пред вратата и имаше спортско палто и мокасини, и помислив: Боже, ова никогаш нема да успее, ниту за милион години’. “Тој беше девет години постар од мене! Но, излеговме да го гледаме филмот “Еден маж и една жена” во кино во Филаделфија и навистина супер си поминавме,” изјави таа за списанието Вог кога им  раскажуваше за нивнот прв состанок. Таа рече дека Џо ја запросил пет пати пред таа да прифати. “Не можев да дозволам [децата на Џо] да изгубат уште една мајка. Затоа, морав да бидам 100% сигурна,” објасни таа. Двојката се венча во Њу Јорк во 1977 година. Нивната ќерка Ешли е родена во 1981 година. Г-ѓа Бајден зборуваше за своето семејство и борбите со кои се соочиле кога таа го поддржала својот сопруг како кандидат за претседател на конвенцијата.

BBC

Неговата прва сопруга Беа Бајден почина од карцином на мозок во мај 2015 година, на 46-годишна возраст. „Знам дека ако му ја довериме оваа нација на Џо, тој ќе го стори за вашето семејство она што го направи за нашето – да не спои и да нè направи цели, да не носи напред во тешки времиња, да го исполни ветувањето на Америка за сите нас ,” рече таа.

Наставна кариера

Госпоѓа Бајден, 69, поминала децении работејќи како наставник. Покрај дипломата од факултет, таа има и две магистерски дипломи, како и докторат (2007) од Универзитетот во Делавер. Пред да се пресели во Вашингтон, таа предаваше на факултет, во државно средно училиште и во психијатриска болница за адолесценти – оваа година го даде своето обраќање на конвенцијата на Демократската партија од нејзината стара училница во средното училиште „Брендивин“ во Делавер, каде предавала англиски јазик од 1991 до 1993 година. Додека нејзиниот сопруг беше потпретседател, г-ѓа Бајден беше професор по англиски јазик на колеџот Северна Вирџинија. „Предавањето не е она што јас го работам. Тоа е она што сум јас“, напиша на Твитер во август.

Политика

Г-ѓа Бајден претходно ја држеше титулата на втора дама додека нејзиниот сопруг беше потпретседател од 2009 до 2017 година. Во овој период, нејзината работа вклучуваше промовирање на државни факултети, залагање за воени семејства и подигнување на свеста кај луѓето за превенција на карцином на дојка. Таа исто така ја започна иницијативата за Здружување на силите со првата дама Мишел Обама, која вклучуваше помош на воените ветерани и нивните семејства за пристап до програмите за образование како и ресурсите за вработување. Во 2012 година, таа објави детска книга – “Don’t Forget, God Bless Our Troops” заснована врз искуството на нејзината внука која живеела во воено семејство. Таа беше истакнат поддржувач на нејзиниот сопруг за време на кампањата во 2020 година, се појавуваше покрај него и одржуваше настани како и добротворни акции.

 

Превод: Рушка Бабиќ 

Source BBC