25 минути: Голгота на должниците со извршителите

Граѓаните со години се жалат за работењето на извршителката Весна Јакимовска против која постојат безброј преставки и кривични пријави. Во отсуство на правната држава, самоволието кај дел од извршителите кои вршат тортура врз граѓаните засега нема кој да ја контролира, ниту пак санкционира.

25 Минути истражува зошто со години се чуваат кривични пријави во фиоки против извршителката Јакимовска, кои државни институции треба да бидат коректор на извштителите, но и зошто никој не реагира на поплаките на граѓаните за работата на извршителите. 

Самохраната мајка Споменка Цубалевска од Скопје со вознемиреност пред камерите го раскажува бруталното изживување на извршителката Весна Јакимовска. Цубалевска вели дека не знела дека е тужена за стара куќа во Галичник, односно дека е содолжник заедно со нејзиниот внук Илија Цубалевски кој не исплатил долг од 27 илјади денари кон тужителката Даниела Јакимовска. Наместо кај Илија Цубалевски, извршителката Весна Јакимовска од Гостивар решава да го наплати долгот кај Споменка кој со камати и судски и такси достигнал 127.000 денари.

Гости во 25 минути се заменик правобранителот Јован Андоновски, Дејан Ѓоршоски од Холандскиот економски институт во Ротердам, и граѓани кои со години бараат правда од извршитеката Јакимовска – Споменка Цубалевска од Скопје и Дарко Поповски од Кичево.