Зошто бременоста е толку ретко сликана во историјата на уметноста?

На 1 февруари 2017 година, Бијонсе сподели фотографија која го „урна“ интернетот преку која објави дека е бремена со близнаци. На фотографијата таа е клекната пред венец од цветови и носи зелен вел. Додека приказот се чини дека има религиозни референци, истовремено е и мошне сензуален – експлозивна мешавина и обработка на беатифицираната имагологија на бременоста.

Иако до 20 –тиот век жените најголем дел од плодните години ги поминувале бремени, во историјата на уметноста, темата на бременоста е скоро целосно отсутна. Според Карен Херн, историчарка на уметност, специјализирана за британската уметност од 16 и 17 век, дури во последните 20 години, кога жените во уметноста започнале да ги истражуваат и да ги претставуваат во уметничката и визуелна култура сопствените бремени тела, конечно табуто околу темата започна да се крши.

Херн е кустос на изложбата, „Портретирање на бременоста“, во Музејот Фолдлинг во Лондон која ќе биде отворена до 26 април.

Во рамки на поставката изложени ќе бида портрети од  бремени жени направени во текот на 500 години – вклучувајќи го и портретот на Бијонсе.

Hans Holbein II, Cecily Heron, daughter of Sir Thomas More, c. 1527.
© Her Majesty Queen Elizabeth II 2019.
                             

Фокусирана претежно на историски портрети на британски жени, изложбата се движи од една извонредна, ретко изложувана слика на Ханс Холбејн од 1527 година позајмена од Кралската колекција, до огромно ново дело на современата британска сликарка Џени Савил. Нејзиното дело е насликано специјално за изложбата и за прв пат е претставено пред јавноста.

-Портретирање на бременоста“ покажува колку контрадикторните ставови кон телата на бремените жени сe евидентни и во историјата на уметноста. И покажува како тие ставови го обликувале начинот на кој ги гледаме и разбираме улогите на жените во историјата и во општеството. Овој наратив – забележува директорот на Фаундлинг, Каро Хауел -недостасуваше до сега“.

Херн ја проучува бременоста во уметноста повеќе од две децении. Додека работела како кустос во Тејт, во музејот пристигнал портрет на неидентификувана жена, кој била „многу очигледно бремена“.

Portrait of a Woman in Red

-Ова – истакнува Харн – е редок случај со портретите од 16-ти до 19-ти век, и (претежно постарите и машки) историчари на уметноста во голема мерка избегнувале анализа на бременоста на жените во уметничките дела.

-Пред дваесет години, луѓето сè уште сметаа дека е непримерно да зборуваат за бременоста. Дури и користењето на зборот „бремена“ беше проблематично“, рече Херн.

Додека бременоста долго време се сметала за задолжителна за мажените жени, тоа е состојба која, секако, укажува дека жената имала секс, што не било нешто за кое луѓето сакале да размислуваат – комплицирано било.

-Ова ги терало уметниците да избегнуваат да ја прикажуваат бременоста дури и ако жената која ја сликале била бремена – вели Херн.

-Портретот е резултат на низа избори – продолжува Херн. „Нема ништо случајно“.

Бришењето на бременоста од портретите во Велика Британија се чини дека започнало околу 1630 година. Дотогаш протестантизмот – кој тогаш преовладувал во Англија – ја дефинирал бременоста, дури и надвор од бракот, како „света состојба“, што значи дека можела без проблем да се прикаже во уметноста. Имало и дополнителни причини за прикажување на бременоста – високиот ризик од смрт при породување, ги натерало некои сопрузи да нарачаат портрети од нивните бремени сопруги.

George Dawe, Portrait of Princess Charlotte of Wales, 1817. Image via Wikimedia Commons.

 

Идејата за комеморација на наследниците и проминенцијата е клучна при ваквите избори. Изложбата вклучува и портрет на бремената принцезата Шарлот насликан од Џорџ Дав во 1817 година. Принцезата – која била наследничка на британскиот престол – починала при породувањето истата година.

-Сепак – истакнува Херн – заради иконоборството и Реформацијатата, повеќето од овие уметнички дела се уништени. Голем дел од истражувањето на Херн има цел да открие неколку од преживеани портрети на бремени жени од средината на 17 век наваму – и нераскажаните приказни што одат со нив.

Неколку такви примери кои Херн пронашла се испоставило дека се насликани во приватна атмосфера. Таков е случајот со инспиративниот портрет во природна големина од околу 1901 година на Август Џон од неговата очигледна бремена сопруга Ида Џон – дело што во тоа време би било третирано како престап. Ида исто така била уметница која учела на Слејд. Починала во 1907 година, додека го раѓала нивното петто дете.

Клучната пресвртница се случа неодамна, во 1991 година, кога Деми Мур позираше, бремена и гола, за Ени Лебовиц. Фотографијата се појави на насловната страница на Vanity Fair во август 1991 година. „Се сеќавам на контроверзноста“, се присети Херн. Списанието беше завиткано – како порно списание, за да се прикрие корицата – и стана меѓународна вест.

Vanity Fair

Фотографијата е секако изложена и иако го изгуби контроверзниот ефект, таа означува момент на промена – од сокривање на бременоста од сликата до претставување и доведување на бременоста до ниво на совршенство. Сличен етос може да се почувствува  ни фотографијата од 1988 година на Нене Чери во седмиот месец од бременоста.


 Jenny Saville, Electra, 2012-2019. © Jenny Saville. Photo by Prudence Cuming Associates.
Courtesy of the artist and Gagosian.

Ваквиот идеализиран, разубавен и високо кореографски портрет на бременоста карактеристичен за последниве години има секако свои проблеми. Како што знае секој која ја искусил бременоста или сведочел од блиску, тоа не е целосната слика.

George Dawe, Portrait of Princess Charlotte of Wales, 1817. Image via Wikimedia Commons.

Сепак на неколку уметнички репрезентации на исцрпувачките, понекогаш и грозни страни на бременоста; автопортретот од 1984 на Жислеин Хауард во поодмината бременост е  можеби најискрен. Таа позира седната и очигледно исцрпена.

Chantal Joffe, Self-Portrait Pregnant II, 2004. © Chantal Joffe. Courtesy of the artist and Victoria Miro, London/ Venice.

Харн верува дека иако изложбата се појавува во вистинско време таа е „само врв на ледениот брег“.

„Откако ќе го искористите ова за да ја разгледате историјата, сфаќате дека многу жени биле бремени кога работеле и биле на и јавни позиции“, продолжува Харн. „Ние не размислуваме за дополнителните предизвици со кои се соочуваале овие жени додека нивните тела се справувале последиците од повеќекратните бремености“

„Мислам дека фрла нова светлина“, додаде Харн, „не само на историјата на портретитите, туку и на  жените во историјата.

 

Превод: Лени Фрчкоска

Преземено од: Либертас

Source Artsy