Како професионалните новинари се борат против лажните вести
Пандемија од лажни вести ги преплави јавната и медиумската сцена. Креаторите на овие вести без разлика дали се некакви медиуми или поедници на социјалните мрежи свесно ја дезинформираат јавноста и во екстремно чувствителна ситуација создаваат страв и паника кај луѓето. Лажните вести во време на корона кризата се шират многу побрзо од останатите, дури и од самиот вирусот.
Лажните вести прават огромна штета и често се поттикнати од политичари, лекари, етаблирани интелектуалци кои пропагираат разни теории на заговор дека вирусoт не постои, или пак потекнува од еден центар на моќ. Таквите дезинформации се мамка за граѓаните.
И тоа што се случува на социјалните мрежи каде се споделуваат измислени или неточни информации, делува вознемирувачки и деструктивно на граѓаните и го одвлекува нивното внимание од вистинските информации.