Пијан Британец легално го сменил своето име во Селин Дион. Само да беше толку лесно и за транс луѓето

Во САД, преголемите такси и тешките правни процеси спречуваат преголем број на трансродови лица да го сменат своето правно име.

Беше ноќта пред Божиќ, а човекот порано познат како Томас Дод беше сам дома во Стафордшир, Англија. Беше пијан и гледаше снимен концерт на Селин Дион. Додека Дион настапуваше, Дод, верен долгогодишен фан, влезе на веб-страница што обезбедува автоматски правни услуги во Велика Британија, ги внесе неговите информации, плати такса и со тоа формално го започна процесот на менување на неговото име во името на славната канадска пејачка. Како што пренесува Њу Јорк пост, промената сега е официјална. Томас Дод сега е Селин Дион – откритие што предизвика лавина наслови и твитови, кои го исмејуваат апсурдниот тек на настаните.

Да, ќе признаам дека е некако смешно што овој дечко го смени целото име во чест на неговата омилена музичарка. Но, како транс лице што ја читаше оваа приказна, не можев да не ја разгледам нејзината потемна резонанца: дека за премногу од моите браќа и сестри низ целиот свет, за нас е многу потешко да ги смениме сопствените имиња и да добиеме точна документација отколку што е за некој пијан фраер во Англија да го смени своето име во името на поп-ѕвезда.

Промена на нечие законско име е клучен процес за многу транс-луѓе. Иако Велика Британија нема недостаток на политики што и штетат на транс заедницата – вклучително и неодамнешна судска одлука со која се поткопува пристапот на младите до блокаторите на пубертетот – земјата има релативно попустливи очекувања кога станува збор за ажурирање на правното име. За да се стори тоа, може да се пополни она што е познато како deed poll – краток документ што обезбедува правна основа за промена на името во документите за лична карта и банкарските извештаи, меѓу другото.

Додека промената на нечие законско име е релативно едноставна во Велика Британија, не може да се каже истото за ажурирање на нечиј полов маркер. За да се изврши ова ажурирање на документите за лична карта, како пасошите и возачките дозволи, треба да се добие белешка од лекар или медицински консултант со која се потврдува дека промената на полот „веројатно ќе биде трајна.“ Корекцијата на изводот од матичната книга на родените е уште потешка и за тоа е неопходен сертификат за признавање на родот, контроверзен документ што транзицијата ја смета како медицинска дијагноза, а не прашање на самоидентификација. И покрај јасната волја на британскиот народ, со добивање на GRC сè уште се наложува опасно патологизирачкиот процес на доставување докази за официјален панел што покажува дека на даден апликант му била дијагностицирана родова дисфорија.

За споредба, во Соединетите Американски Држави не постои федерален стандард за процесот со кој може да се сменат нивните правни имиња и полови маркери, што значи дека транс-луѓето низ целата земја се соочуваат со различни очекувања кога бараат точна документација. Надвор од конфузијата настаната како резултат на овој првичен недостаток на координација, многу држави бараат од оние кои сакаат да го променат своето име и/или ознаката за полот, да следат незгодни и скапи протоколи.

За да разберете колку може да биде византиски процесот на промена на нечие законско име во САД, разгледајте го само она што се бара во Индијана. Според Националниот центар за трансродова еднаквост, оние кои сакаат да го променат своето законско име во државата не само што мораат да поднесат барање до судот, туку и „да објават известување за петицијата во весник во времетраење од три недели и објавувањето на последната недела треба да биде најмалку 30 дена пред рошиштето“. Покрај сето тоа, апликантот „треба да достави копија од објавеното известување за промена на името заверено со потврда на неутрална личност.“

Тоа е само Индијана. Постојат различни, слично незгодни процедури што треба да се следат во десетици други држави, а тоа е сè уште без навлегување во таксите поврзани со законски измени на името во САД, што може да достигне сума до 500 американски долари. Според Анкетата за трансродови лица во САД во 2015 година, комбинацијата на незгодни правни процеси и превисоки такси значеше дека само 44% од испитаниците можеа да добијат ажурирани документи за лична карта. Третина од сите испитаници забележале дека не можат да си ги дозволат трошоците за да можат да го сменат името или полот.

Забраната на транс луѓето да имаат точна документација има опипливи и опасни последици. Според истата студија од 2015 година, 25% од транс лицата кои покажале лична карта со име или родова ознака што не одговара на нивниот физичка изглед биле вербално нападнати, на 16% им биле одбиени услуги или бенефиции, од 9% било побарано да ја напуштат локацијата или установа, а 2% биле физички нападнати.

Исто така, фактот што толку многу луѓе сакаат, но немаат точни документи за идентификација, ја отежнува реформата на институциите што ги применуваат ваквите исклучувачки политики. Размислете за следното: избраните службени лица имаат моќ да го поедностават процесот на промена на ознаката за името и полот, но тешкотијата на овие процеси, во комбинација со законите за лична карта на избирачите, кои користат несовпаѓање помеѓу изгледот и информациите за лична карта како оправдување за одземање на правото на глас, ја прави ситуацијата крајно тешка за транс гласачите кои сакаат да го искажат својот глас.

Во никој случај не сакам да го осудам нашиот британски пријател Селин Дион. Му посакувам добро, дури и кога се грижам за главоболките кои сигурно ќе ги трпи во чекалните и аеродромите сè додека носи вакво име кое привлекува внимание. Наместо тоа, едноставно посакувам нашето општество да биде прилагодливо на секоја личност која сака да го смени своето име во Селин, едноставно затоа што тоа е името коешто го сакаат, како што беше случајот со господинот Дион.

Во 2002 година, саканата пејачка прогласи дека „дојде нов ден.“ И, како што се однесува на сите да можат да добијат точна документација, време е нашите влади да го исполнат нејзиното тврдење.

Source Them