Училиштето се заканува со правни меркa откако на муслиманско девојче откако и е кажано дека здолништето и е „премногу долго“

Сихам Хамуд (12) одби да носи пократко здолниште и сега родителите се соочуваат со судска постапка поради неовластено отсуство

На родителите на едно девојче кое било испратено дома од училиште поради носење здолниште за кое се сметало дека е „премногу долго“ им се заканува судска постапка.

Сихам Хамуд (12) опиша како била малтретирана поради нејзините религиозни убедувања откако во декември била испратена дома секој ден од средното училиште Аксбриџ во Хилингдон, западен Лондон, и и било кажано да се врати само кога ќе облече пократко здолниште.

Таа со години носела здолниште до глуждот на училиште, но изјави дека била шокирана кога наставниците минатиот месец и рекле дека нејзината облеката не е вистинска униформа.

Училиштето вели дека девојчињата треба да носат црни панталони или црно здолниште од официјални добавувачи на униформа.

Сепак, таткото на Сихам, Идрис Хамуд (55), рече дека кратките здолништа се спротивставуваат на верските убедувања на семејството, па затоа неговата ќерка одбила да оди на училиште. Училиштето сега им се закани на него и на неговата сопруга, Салма Јусуф (44) со правна постапка во врска со наводните неовластени отсуства на нивната ќерка.

Сихам, која сега учи од дома поради рестрикциите за Ковид-19, опиша дека била малтретирала заради нејзините верувања.

„Ова ме тера да се чувствувам изоставено, бидејќи не можам да се гледам со моите пријатели. Тие не ме прифаќаат поради мојата религија и тоа не е во ред,“ рече таа. „Се чувствувам збунето и вознемирено што не можам да носам што сакам за мојата религија. Се надевам дека ќе ги променат нвните правила така што девојчињата како мене носат здолништа на училиште .“

Ново правило на училиштето за должината на здолништата беше воведено пред две години, во кое се наведува дека треба да се носат пократки брендирани здолништа.

Но, семејството тврди дека тие неодамна станале свесни за оваа промена, а Сихам продолжила да го носи своето подолго здолниште, без да знае дека крши какви било правила, сè додека наставниците не зборувале со неа на 1 декември.

На тој ден ја испратија дома да се пресоблече, но она не се врати на училиште. Истото се случуваше секој ден во текот на наредните три недели од семестарот во декември, рече нејзиното семејство.

Постарите сестри на Сихам, Сумаја, 19 и Илхам, 17, и двете носеа подолги здолништа на училиште без проблем. Хамуд, кој е тренер за атлетика, рече дека на неговата ќерка и е одбиено да се школува заради нејзините верски убедувања.

„Сè што Сихам сака да направи е да носи здолниште кое е неколку сантиметри подолго од нејзините соученици, и не знам зошто училиштето има таков проблем со ова. Таа е испратена дома за да се пресоблече во пократко здолниште, и да се врати на училиште подоцна тој ден – но таа нема да ги смени своите верувања за еден час.

Idris Hamud with his daughters Sumayyah and Ilham, and his son. His other daughter Siham has been sent home from school because her long skirt does not meet uniform policy. Photograph: Idris Hamud/SWNS

„Училиштето се заканува дека ќе преземе правни мерки против мене, но јас не ја принудувам да носи подолго здолниште – тоа е нејзината вера и нејзина одлука да ја донесе. Порано навистина го сакаше училиштето, но сега оди на училиште плачејќи поради ова – тоа е срцепарателно.“

Училиштето на 9 декември им испратило на родителите писмо со закана за акција.

Во него се вели: „Отсуството на Сихам се бележи како неовластено. Неовластено отсуство може да резултира со издавање парична казна или преземање правни мерки против возрасните кои имаат родителска одговорност или секојдневна грижа за вашето дете.„Правното дејствие може да биде во форма на известување за казна или покана до магистралниот суд.“

„Морам да побарам да го поддржувате училиштето и вашата ќерка и со сигурност да не известите дали таа веднаш ќе започне да посетува училиште во целосна училишна униформа.“

Директорот на училиштето, Најџел Клеменс, рече: „Ова прашање во моментов е предмет на испитување преку формалната политика за жалби во училиштето. Затоа, не би било соодветно да се коментира во овој момент.“

Source The Guardian