25 минути: Речиси 90% од студентите не знаат каде да пријават корупција

Не само што анализите покажуваат дека учениците во државата не знаат каде да се обратат кога имаат конкретен проблем во однос на менталното здравје или да пријават појави кои им се чинат неприродни, реформите се неопходни во поглед на целата образовна структура, бидејќи учениците немаат ниту доверба во оние кои ги учат.

Ако се земат предвид неодамнешните случувања во Србија кои отворија низа дебати ширум Балканот, кои се однесуваат на безбедноста и менталното здравје кај учениците, посебни интервентни програми се покажа дека се неопходни. Но како се прават тие? Министерот за образование Јетон Шакири неодамна образложи дека биле донесени конкретни мерки. Мерки кои Илиевски ги става под знак прашалник, затоа што вели, во државни органи наменети токму за вакви делувања, членуваат луѓе кои воопшто не се стручни. Тие членови не разговараат ниту со учениците.

Гости во 25 минути се поранешниот виш просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, Лука Павичевиќ, лидер на Сојузот на средношколците, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, заменикот министер за образование Петар Атанасов, и Виолета Симјановска, професорка на Сибелиус Академија во Хелсинки, Финска.