Музичарот Dizz за крајот на стигмата за ХИВ

Лидерот на квир поп групата rIVerse зборува за плановите за претстојниот виртуелен концерт на групата и крајот на стигматизацијата на ХИВ. 

Dizz е посветен на „застапување на недоволно застапените“. Тоа е изјавата за мисијата што стои зад неговиот бенд, rIVerse, квир музички бенд чии членови станаа пријатели по турнејата High School Musical 2. Како главен текстописец и кореограф на групата, Dizz ги пренаменува класичните звуци на 90-тите за да ги слави „убавите бунтовници“ насекаде, додека потенцира дека музичката индустрија треба „да ја провери инклузивноста“.

Без разлика дали ќе се осврнете на начинот на кој тој ја слави квир љубовта во музичкото видео за „BaeBeeBoo“ или пак на неговите начини на кои го мотивира секој што некогаш се почувствувал разочаран затоа што е различен, музиката на rIVerse нема да ве остави рамнодушни. Преку создавањето на музика, тој зборува за она во кое верува – сите, без разлика на нашиот родов идентитет, заслужуваме љубов.

Dizz сонувал дека ќе биде дел од музичка група уште од својата 14-годишна возраст. Во процесот на пишување на композициите и текстовите, за него е пред се важно постојаното себе-надоградување уште од деновите кога бил во средно училиште, откако излегол надвор од  „бабл-от на стрејт студентите“ и откако му била наметнувана „белата машка историја“, објаснува тој.

На 18-годишна возраст, тој ја искористи шансата и се најде на аудиција да пее за R&B пејачката Кешија Шанте, што го натера да шета како резервен танчер шест години пред конечно да ја исполни својата судбина со rIVerse.

„Љубовта и поддршката што постојано ја добивам од обожавателите и сите со кои досега сме соработувале во музичката индустрија е магична. Но, најважно за мене е тоа што другите луѓе кои се ХИВ позитивни ми кажуваат дека моето јавно откривање за мојот ХИВ статус им влева надеж и сила за да можат да ја споделат својата вистина со своите семејства или пријатели. Можеби звучи како сцена од Hallmark филм, но сепак, овие спомени ќе останат врежани во моето сеќавање засекогаш“, изјави во интервјуто за THEM. Во врска со откривањето на својот ХИВ статус, Dizz изјави дека „направи огромна разлика. Во rIVerse, ние буквално ја носиме мисијата за крај на стигматизацијата врз нашите плеќи во сè што правиме.“

 

Source THEM