Започнува 16-дневната кампања против родово базираното насилство

Секоја година, активистите, застапниците и организациите кои работат на борба против родово базираното насилство низ целиот свет ги канализираат своите напори 16 дена во текот на ноември и декември.

Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ трае од 25 ноември, а Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, до 10 декември. Кампањата има за цел да го вклучи целиот свет во разговорот, да генерира свест, да споделува важни информации и да ги нагласи начините на кои сите можеме да помогнеме во справувањето со глобалната епидемија на сексуално и родово насилство.

Не е нова вест дека жените и девојките секојдневно се соочуваат со насилство, вознемирување и дискриминација. Еден од тројца од нас ќе се соочи со насилство во текот на нашиот живот, а многу поголем број на жртви нема да го пријават тоа. Фондот за население на Обединети Нации, UNFPA, го опишува родово базираното насилство како „едно од најраспространетите прекршувања на човековите права во светот“.

Како можеш да се вклучиш во овие 16 дена и да се залагаш за безбедноста, здравјето и правата на жените и девојките ширум светот? Еве неколку начини на кои можете да започнете.

Волонтирај!

Секој вид на општествен активизам е важен, без разлика колку е мал, а волонтирањето може да биде одличен начин за вложување на вашето време и енергија на прашањата за кои се грижите во вашата заедница.

За да започнеш, побарај контакт од локалните невладини организации, даватели на услуги и grassroot активисти кои ја водат борбата против родово базирано насилство на локално ниво и дознај кои можности за волонтерство се достапни.

Волонтирањето има безброј бенефиции, за вас и за вашата заедница, и може да отвори можност да запознаеш други луѓе во вашата област кои се длабоко загрижени и за борбата против РН.

Зборувајте за родово-базираното насилство на социјалните медиуми

Социјалните медиуми можат да бидат моќна алатка за подигање на свеста и застапување против родово засновано насилство – и предноста е во тоа што се лесно достапни на глобално ниво.

Овие 16 дена, вашите социјални платформи можат да послужат како инструментална алатка за засилување на активистите и организациите кои работат на елиминирање на РН и за подобрување на здравјето и правата на жените на глобално ниво.

Можете да започнете со следење и споделување содржини создадени од застапници и активисти против родово базирано насилство на локално и глобално ниво.

Истражувајте за родово базираното насилство и начините на кои сите можеме да играме удел во негово спречување и споделете го она што го учите на вашите социјални мрежи за да им помогнете и на другите да научат.

Приклучете се во кампањата #16DaysChallenge

Овие 16 дена, бараме од граѓаните ширум светот да ни се придружат во борбата за здравјето и правата на жените, со приклучување во онлајн кампањата #16DaysChallenge секој ден од 25 ноември до 10 декември, што ќе ви помогне да дознаете повеќе за правата на жените, телесната автономија и родовото насилство на интернет.

Забележете ги знаците на родово базирано насилство 

Едуцирајте се видовите и застапеноста на родово базирано насилство. Тоа ќе ви помогне да забележите знаци дека некој доживува ваков вид на насилство и да знаете како најдобро да го поддржите.

За почеток, можете да ја прочитате статијата на UN Women за вообичаените знаци на злоупотреба, безбедносни совети за луѓето кои се злоупотребуваат и како можете да му помогнете на некој што доживеал злоупотреба. Исто така, обезбедува детали за контакт за меѓународни телефонски линии.

Source Global Citizen