Совети за справување со менталното здравје за време на КОВИД-19

И по неколку месеци, пандемијата продолжува да влијае врз менталното здравје. Како дел од нашата серија разговори на Твитер #AskReuters, Ројтерс собра група експерти за да ги споделат своите совети за справување со изолацијата, згрижувањето и многу повеќе. Подолу се главните изјаснувања.

Како изолацијата влијае на менталното здравје? Кои се некои стратегии што можеме да ги користиме за да најдеме заедница за време на карантинот?

„Пред пандемијата, веќе бевме во криза со менталното здравје. Пандемијата само го направи тоа поитно. Анкета од август од Центрите за контрола на болести покажа дека над 40% од возрасните пријавиле дека доживеале предизвици со ментално здравје, вклучително анксиозност и депресија.“ – Аријана Хафингтон, основач на Хафингтон пост и извршен директор на Thrive Global

„Физичката изолација не значи и социјална изолација. Останувањето во контакт е поважно од било кога. Прошетајте, уживајте во природата, соберете се во мал број надвор. Бидите присутни.“ – Преети Малани, главен здравствен директор на Универзитетот во медицината во Мичиген

Што треба да знаат деловните лидери за влијанието на COVID-19 врз нивните вработени, без разлика дали тие работат од далечина или во канцеларии? Кои се чекорите што можат да ги преземат за да посвети внимание на истото ?

„Сè е поинаку. Рутините, системите за поддршка и очекувањата на сите се променија. Покажете милост. Дозволете флексибилност. Обезбедете анонимна, доверлива поддршка.“ – Меган Рани, вонреден професор по итна медицина на Универзитетот Браун

„Не е доволно само да кажеш дека го поддржуваш менталното здравје. Моделирајте го така што членовите на вашиот тим чувствуваат дека можат да дадат приоритет на грижата за себе и да постават граници.“  – Кели Гринвуд, основач и извршен директор на Mind Share Partners

Дали имате совети за справување со тагата поради загубата на некој близок поради КОВИД-19?

„Тагата за најблиските е многу тешка за време на КОВИД-19. Не можеме да се собереме на погреби или помени. Не можеме да бидеме во болница за да понудиме утеха во последните денови. Можеме да се сретнеме со семејството и пријателите виртуелно или на одредена дистанца.  Обратете се на пријателитете и побарајте професионална помош кога е потребно.“ – Лоренс Гостин, директор на институтот О’Нил за национално и глобално здравствено право од Georgetown Law

Каков совет имате за старателите сега? Како можеме да продолжиме да ги поддржуваме нашите деца за време на КОВИД-19?

„Тешко е да се размислува како да им се помогне на другите кога поединци имаат сопствена борба! Одржувајте грижа за себе и здрави навики. Помогнете им на децата да го сторат истото: излезете надвор, поврзете се со пријателите (дури и ако е виртуелно), воспоставете рутини.“  – Елизабет Стјуарт, вонреден декан за образование на Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс

 „Давање примери е од особена важност за децата, а тоа вклучува покажување на ранливост како родители. Кога тагуваме, не треба да го криеме тоа. Во ред е децата да ги видат вашите солзи. Кога сме депресивни, во ред е да им дадеме до знаење дека посетуваме терапевт или психијатар.“ – д-р Хауард Лиу, претседател на одделот за психијатрија на Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска и член на Советот за комуникации на Американското психијатриско здружение.

Како можеме да им помогнеме на нашите пријатели, семејство и колеги кои се чувствуваат депресивно, вознемирено и можеби дури и самоубиствено?

„Не плашете се да прашате за безбедноста. Непријатно е и предизвикува вознемиреност. Луѓето не размислуваат за самоубиство затоа што некој прашува. Поставувањето прашања често е интервенција што ги одржува луѓето безбедни. Изолацијата и беспомошноста се многу поголеми ризици отколку очајот.“  – Ребека Кулбек, психотерапевт и косопственик на Метрополитен советодавни соработници и програма за подготвеност на колеџот ЛаунСвел

Што ги прави луѓето отпорни?

„Чувството на припадност може да промовира издржливост: тоа може да биде чувство на припадност кон семејството, група со која се идентификува, одредена култура или место во светот. Запознавањето со вашата сопствена култура може да го поддржи чувството на припадност и истовремено да ја зголеми отпорноста.“ – Ријана Елисе Андерсон, доцент во Одделот за здравствено однесување и здравствено образование на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Мичиген.

 

Превод: Рушка Бабиќ

Source Reuters