Што значи трансродовост и што вели законот во Велика Британија?

Правата на трансродовите лица се во центарот на вниманието во последните неколку години. Владата ги намалува трошоците за аплицирање за промена на законски пропишаниот род, но не ги повлекува медицинските побарувања.

Што е трансродов идентитет? 

Родовиот идентитет на трансродовите лица не е ист со полот запишан во нивниот извод од матична книга на родените. Како бебиња, нашиот пол е евидентиран како машки или женски, засновано на физичките карактеристики. (Постојат некои луѓе родени со хромозомски или други физички разлики што може да го направат ова расудување посложено. Соодветниот збор за оваа состојба е интерсексуалност.) Родот се заснова на однесувањето, очекувањата и надворешниот која обично се смета дека одговара на нечиј пол. Родовиот идентитет се заснова на самоперцепција – како се гледаме и опишуваме себеси и како се „претставуваме“ пред светот. На пример, една личност со „женски“ пол може да се идентификува како маж или обратно. Луѓето кои се не-бинарни, не сметаат дека имаат единствено машки или женски родов идентитет или истите имаат поинаков пристап кон полот. Луѓето кои доживуваат разлика помеѓу нивниот родов идентитет и пол, во медицински термини наречено родова дисфорија – и понекогаш се опишуваат себеси како трансродови или транс.

 

Какви промени можат да направат трансродовите лица?

Многу голем број на трансродови лица живеат според нивниот родов идентитет, облекувајќи се и прикажувајќи слика за себе пред светот на начин што одговара на тој идентитет и се нарекуваат со нивното избрано име. Тие исто така може да сакаат да аплицираат за промени како што се измени на изводот од матичната книга на родените, пасош или возачка дозвола. Некои пак, исто така, одлучуваат физички да го променат своето тело доследно на нивниот родов идентитет.Ова може да вклучува хормонска и гласовна терапија. Некои лица одлучуваат и да подлегнат на операција. Овие социјални, физички и законски измени се познати како транзициони.

 

Што може да се промени по законски пат? 

Според Законот за признавање на родот од 2004 година, возрасните во Велика Британија можат законски да го сменат родот доколку исполнуваат одредени критериуми. Ова значи дека нивниот стекнат род може да биде запишан на потврдите за раѓање и брак.Околу 95% од апликантите одат по стандардна рута за апликација, чии главни барања се:

· Изјава дека тие ќе живеат до крајот на својот живот според нивниот одбран род

· Медицински извештај за дијагноза на родова дисфорија

· Медицински извештај за било каков хормонски третман или операција или пак веќе  планирани третмани

· Доказ дека тие живееле според нивниот одбран род најмалку две години, како што се копии од нивниот пасош и возачка дозвола

· Апликантите исто така мора да имаат најмалку 18 години и да платат такса до 140 фунти

 

Голем број на трансродови лица изјавија дека сметаат дека системот е суров, скап, понижувачки и бирократски. Помалку од 5.000 луѓе законски го сменија полот до 2018 година, што ја наведе владата да организира јавна консултација. Иако не е познато колку транс луѓе има во Велика Британија, според проценките на владата, помеѓу 200.000 и 500.000 луѓе се идентификуваат на овој начин. Додека Законот за признавање на родот креираше исти систем ширум Велика Британија, предлозите ги опфаќаат Англија и Велс. Шкотската влада објави предлог-закон со кој се отстранува условот за лекарска дијагноза.Консултацијта нема да промени како функционира системот за препознавање на полот во Северна Ирска. Имаше шпекулации дека владата може да го укине елементот за медицинска дијагноза за Англија и Велс и да им дозволи на луѓето легално да го менуваат полот преку само-идентификација. Овој предлог предизвика жестока дебата. Советувањето беше продолжено поради големиот обем на одговори, со околу 53,000 доставени одговори . Владата одговори на консултациите, велејќи дека верува дека со актот за правно признавање на родот се прави вистинска рамнотежа помеѓу правните проверки и поддршката за луѓето кои сакаат да го променат својот родов идентитет.

Но, се вели дека процесот на аплицирање треба да биде „пообѕирен и поедноставен“. Тоа би знчело намалување на трошоците за аплицирање до „номинална сума“ и преместување на процесот онлајн. Владата исто така рече дека ќе отвори три нови клиники наменети за промена на полот оваа година.

 

Фотографија: The Easterner; IN Magazine

 

Кои се правилата околу просторите наменети само за жени?

 Имаше дебата за правата на трансродовите луѓе и има низа ставови за тоа како општеството може најдобро да ги балансира потребите на различните групи. Голем дел од дебатата се фокусираше на пристапот до простори само за жени, како тоалети, соблекувални, лица-жртви на семејно насилство и казнено-поправни установи. Според Законот за еднаквост од 2010 година, никој не смее да биде дискриминиран затоа што се идентификува како трансродово лице. За да се заштити од оваа дискриминација, некое лице не треба да биде подложено на одреден третман или операција. Упатството на Комисијата за еднаквост и човекови права наведува дека „менувањето на вашите физиолошки или други родови атрибути е личен, а не медицински процес“.Но, давателите на услуги на еден пол можат да изберат да ги исклучат трансродовите лица каде што има „пропорционални средства за постигнување легитимна цел“. Пример даден со Законот за еднаквост е дека организаторите на групно советување за жени жртви на сексуален напад би можеле да исклучат транс-жена доколку оценат дека клиентите веројатно нема да присуствуваат на сесијата ако таа била таму. Сепак, недозволувањето транс-жена да влезе во женскиот тоалет на паб веројатно е незаконско.

 

Фotoграфија: Getty Images

 

Законското менување на полот не гарантира влез во простории само за еден пол, вели владата, и консултациите никогаш немаше да резултираат со прекин и комплетно отстранување на овие исклучоци. Сепак, некои лица ја изразија својата загриженост во врска со самоидентификацијата и сугерираат дека законот не е јасно разгледан. Тие исто така тврдат дека поголемиот број на женските права засновани на нивниот пол се загрозени. Наставничката по физика, д-р Деби Хејтон, која и самата го поминала процесот на транзиција, се спротивстави на реформата на Законот за признавање на родот, велејќи дека општеството сè уште е „опремено со сексизам и сексистичка дискриминација“. Жените се бореа за родова заштита и услуги, женски простори и женски здруженија и шеми за промовирање на жените во бизнисот, политиката и општеството. Сите овие се подложни на закана од концептот на самоидентификација.” Но, други лица велат дека правата на трансродовите луѓе никогаш не би требало да бидат тема на дискусија. Во написот насловен „Зошто повеќе не расправам за правата на трансродовите лица“, авторот Џуно Доусон вели дека сегашната „морална паника“ го побива фактот дека „трансродовите луѓе постојат од почетокот на историјата“. Ниту едно трансродово лице не треба да објаснува во име на целата заедница дека не претставуваме никаква опасност. Тоа треба да се подразбира.” Некои велат дека отстранувањето на лекарското уверение би им го олеснило животот на трансродовите лица и би имало мало влијание врз поголемот број на простори наменети за еден пол за кои ретко се бара некој да докаже дека е маж или жена.

 

Родовиот идентитет и децата

Друга област каде веќе има полемики е третманот на децата кои го доведуваат во прашање нивниот родов идентитет. Овие чувства се „навистина чести“, велат од здравствените служби. За мал процент од лицата, тие ќе продолжат да постојат и може да слушат како референца за лицата под 18 години до Службата за развој на родовиот идентитет.

Во некои случаи, здравствените институции можат да препишат блокатори на пубертетот. Тие го одложуваат почетокот на пубертетот, но претставниците на здравствените институции велат дека малку е познато за нивните долгорочни несакани ефекти. Персоналот на Гидс изрази загриженост дека на некои пациенти им се давале третмани премногу брзо, тврдења кои советот на здравствените институции силно ги негира. Апликантите мора да имаат над 18 години за да добијат сертификат за признавање на родовиот идентитет, иако според предложените измени, во Шкотска возрасната граница ќе се спушти на 16.

 

Превод: Рушка Бабиќ

Преземено од : https://www.bbc.com/news/explainers-53154286