Гласините околу вакцините се побиени: микрочипови, ‘промената на ДНК’ и многу повеќе

 

Ние разгледавме некои од најчесто споделуваните лажни тврдења околу вакцините – сè, од наводни заговори за ставање микрочипови во луѓето до наводната модификација на нашиот генетски код.

Тврдењата околупромената на ДНК“

Стравот дека вакцината некако ќе ја промени вашата ДНК е еден што често се споменува на социјалните мрежи.

Би-Би-Си за ова праша тројца независни научници. Тие рекоа дека вакцината против коронавирусот нема да ја промени човечката ДНК.

Некои од новосоздадените вакцини, вклучувајќи ја и онаа што сега е одобрена во Велика Британија развиена од Pfizer/BioNTech, користат фрагмент од генетскиот материјал на вирусот – или информациона РНК.

„Внесувањето на РНК во еден човек не и прави ништо на ДНК на човечката клетка,“ вели проф. Џефри Алмонд од Универзитетот во Оксфорд.

Функционира на тој начин што му дава на телото упатства за производство на протеин кој е присутен на површината на коронавирусот.

Имунолошкиот систем тогаш учи да препознава и произведува антитела против протеините.

Ова не е прв пат да разгледаме тврдења дека вакцината против коронавирус наводно ќе ја промени нашата ДНК. Истраживме популарно видео кое ја ширеше оваа теорија уште во мај.

Написите забележаа дека технологијата за вакцини против РНК (mRNA) „никогаш порано не била тестирана или одобрена.“

Вистина е дека ова е првата одобрена mRNA вакцина, но во последните неколку години се спроведоа повеќе студии околу mRNA вакцини во луѓето. И, откако започна пандемијата, вакцината е тестирана на десетици илјади луѓе ширум светот и помина низ ригорозен процес на одобрување на безбедноста.

Како и сите нови вакцини, и таа мора да помине низ ригорозни безбедносни проверки пред да може да се препорача за масовна употреба.

Во првата и втората фаза на клинички испитувања, вакцините се тестираат во мал број на волонтери за да се провери дали се безбедни и да се утврди вистинската доза.

Во испитувањата во третата фаза, тие се тестираат кај илјадници луѓе за да видат колку се ефективни. Групата која примила вакцина и контролната група кои примиле плацебо, внимателно се следат за било какви несакани реакции – несакани ефекти. Следењето на безбедноста продолжува откако вакцината е одобрена за употреба.

Тврдењата околу Бил Гејтс и микрочиповите

https://www.bbc.com/news/54893437

Следно, теоријата на заговор која го опфати целиот свет.

Тврди дека пандемијата на коронавирусот е покритие на планот за вградување на микрочипови за следење, и дека зад тоа стои ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Нема „микрочип“ во вакцини и нема докази што ги поткрепуваат тврдењата дека Бил Гејтс има вакви планови за во иднина.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за Би-Би-Си изјави дека тврдењето е „лажно“.

Гласините се појавија во март кога г-дин Гејтс во едно интервју рече дека на крајот „ќе имаме некои дигитални сертификати“ што ќе се користат за да се покаже кој оздравел, бил тестиран и на крај кој примил вакцина. Тој не спомна микрочипови.

Ова доведе до една широко споделена статија со наслов: „Бил Гејтс ќе користи микрочипови за борба против коронавирусот.“

Написот се повикува на студија, финансирана од Фондацијата Гејтс, во технологија што може да складира записи за нечии вакцини во специјално мастило администрирано истовремено со инјекција.

Сепак, технологијата не е микрочип и повеќе личи на невидлива тетоважа. Сè уште не е објавено, нема да дозволи да се следат луѓето, и личните информации нема да се внесуваат во база на податоци, вели Ана Јакленец, научник вклучена во студијата.

Милјардерот кој е основач на „Мајкрософт“ беше предмет на многу лажни гласини за време на пандемијата.

Тој беше на мета поради неговата филантропска работа во јавното здравство и развојот на вакцините.

И покрај недостатокот на докази, во мај, анкета на YouGov, спроведена на 1.640 лица, сугерираше дека 28% од Американците сметаат дека г-дин Гејтс сака да користи вакцини за да се имплантираат микрочипови кај луѓето – меѓу републиканците оваа бројка се искачува на 44%.

Тврдењата околу фетусот

https://www.bbc.com/news/54893437

Видовме тврдења дека вакцините содржат белодробно ткиво на абортиран фетус. Ова е лажно.

„Нема фетални клетки користени во било кој процес на производство на вакцини,“ вели д-р Мајкл Хед, од Универзитетот во Саутемптон.

Едно конкретно видео што беше објавено на една од најголемите страници на Фејсбук против вакцините, се однесува на студија за која раскажувачот тврди дека е доказ за тоа што влегува во вакцината развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Но, толкувањето на нараторот е погрешно – предметната студија истражува како реагира вакцината кога се воведува во човечките клетки во лабораторија.

Конфузија може да се појавила затоа што има чекор во процесот на развој на вакцина која користи клетки растени во лабораторија, а тоа се потомци на ембрионални клетки кои инаку би биле уништени. Техниката е развиена во 60-тите години на минатиот век, а ниту еден фетус не бил абортиран за целите на ова истражување.

Многу вакцини се прават на овој начин, објаснува д-р Дејвид Метјуз, од универзитетот во Бристол, додавајќи дека сите траги од клетките се сеопфатно отстранети од вакцината „до исклучително високи стандарди.“

Производителите на вакцината на Универзитетот во Оксфорд велат дека работеле со клонирани клетки, но овие клетки „самите не се клетки на абортирани бебиња.“

Клетките работат како фабрика за да произведат доста ослабена форма на вирус, адаптирана да функционира како вакцина.

Но, иако ослабениот вирус се создава со употреба на овие клонирани клетки, овој клеточен материјал се отстранува кога вирусот се прочистува и не се користи во вакцината.

Тврдењта  околу периодот на заздравување

Видовме аргументи против вакцината на „Ковид-19“ споделени низ социјалните мрежи во кои се прашуваше зошто воопшто ни треба, ако шансите за смрт од вирусот се толку мали.

https://www.bbc.com/news/54893437

 

Едно меме, споделено од луѓе кои се противат на вакцинацијата, ја става стапката на опоравување од болеста на 99,97% и сугерира дека да се заразите со Ковид-19 е побезбедна опција отколку да се прими вакцина.

Да започнеме со тоа дека бројката што се споменува во мемото како „стапка на опоравување“ – имплицирајќи дека станува збор за луѓе кои се заразиле од вирусот и преживеале – не е точна.

Околу 99,0% од луѓето што се заразиле со Ковид, го преживеале, вели Џејсон Оке, статистичар на Универзитетот во Оксфорд.

Значи, околу 100 на 10.000 ќе умрат – далеку повисоки од три на 10.000, како што е предложено во мемото.

Сепак, г-дин Оке додава дека „во сите случаи ризиците многу зависат од возраста и не ги земаат предвид краткотрајниот и долгорочен морбидитет од Ковид-19.“

Не станува збор само за преживување. За секоја личност што умира, има и други кои преживуваат, но подлежат на интензивна медицинска нега, како и други кои страдаат од долготрајни здравствени последици.

Ова може да придонесе здравствена услуга да биде преоптоварена со пациенти со Ковид, натпреварувајќи се со ограничените ресурси на болницата за лекување на пациенти со други болести и повреди.

Концентрирање на вкупната стапка на смртност, или согледувањето на земање вакцина како индивидуално дело, ја промашува целта на вакцинациите, вели проф. Лиам Смит од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. Треба да се сфати како обид на општеството да ги заштити другите, вели тој.

“Во Велика Британија, најлошиот дел од пандемијата, причината за карантинот е затоа што здравствената услуга ќе биде преоптоварена. Ранливите групи како старите и болните во домовите за стари лица имаат многу поголеми шанси да се разболат сериозно ако се заразат со вирусот.”

Source BBC