Премиерот на Австралија кој е маж ја прекинува министерката додека истата одговара на прашање за мизогинијата

Ана Рустон продолжи да го фали Скот Морисон за неговата поддршка - кога конечно успеа да добие збор.

Премиерот на Австралија- кој е маж- совршено го демонстрираше мизогиното однесување во политиката кога прекина жена која зборуваше за … мизогинија во политиката. Пред да продолжиме понатаму, потребен е некаков контекст за да се осветли австралискиот политичкиот скандал во последно време. Неговото име? Очигледно е „Забраната Бонк“ (“Bonk Ban”). Забраната Бонк беше забрана за сексуални односи меѓу австралиските министри и нивниот персонал, по аферата меѓу тогашниот заменик премиер Барнаби Џојс и поранешна вработена. Скандалот предизвика политичка бура и доведе до оставка на Џојс.

Забраната Бонк беше спроведена во обид да се запре однесувањето на она што беше сукцесија на токсични и крајно шовинистички влади. Забраната Бонк се врати во вестите оваа недела, бидејќи ABC News е пред објавување на извештајот „Четири катчиња,“ во кој што се очекува да откријат голем број министри кои ја прекршуваат забраната. Токму во овој контекст се случи следниот разговор помеѓу репортер, министерката за семејства Ана Рустон и австралискиот премиер Скот Морисон.

Репортер: „Госпоѓице Рустон, може ли да ве прашам, како жена во владата, вашите размислувања за културата внатре? Дали се подобри, влоши или нема промени од ерата на „Забраната Бонк“? Рустон: „Па Фил, единственото нешто што можам… “Морисон: „Може ли само да те сопрам таму. Начинот на кој што се споменува оваа забрана, ја отфрла сериозноста на прашањето, “ рече тој додека го прекина сериозното прашање кое што Рустон требаше да одговори.

Дваесет секунди подоцна, Морисон конечно и го предаде микрофонот на Рустон, која продолжи: „Па, јас можам да зборувам само за сопственото искуство откако сум на ова место од 2012 година и морам да кажам дека отсекогаш сум се чувствувала потполно поддржана цело ова време. „И особено забележувам дека, откако станав член на кабинетот, […] никој не ми покажа поголема поддршка и поголема почит кон мене како индивидуа од премиерот.“ Неверојатни сцени.

Source The Huffington Post