Поддршка за ЛГБТИ учениците: „Важно е училиштата да се подготвени за сите“

Училиштата денес се многу поприемливи кога станува збор за родот и сексуалната ориентација на учениците и се места каде што се слават и не се презираат разликите.

До неодамна, ЛГБТ учениците од Прајори, училиштето во Хитчен, Хертфордшир, се криеја зад маската на тишината. Соучениците го користеа зборот „геј“ за да опишат некоја глупост. Соочени со хомофобичен јазик, тие се чувствуваа онеспособени да бидат свои во училницата и ги чуваа во тајност своите вистински идентитети. Три години подоцна, десетици ученици излегоа благодарение на „масовната промена на културата“ во училиштата. Денес, различноста и нивната прифатеност се слават во сите аспекти на училишниот живот: од формирање на ЛГБТ група до назначување на ЛГБТ студентски првенец, до промени во наставната програма и градење на родово неутрални тоалети и соблекувални. Навистина, училиштето воспостави толкава репутација за еднаквост што привлекува трансродови ученици од соседните области.

Прајори сега има и редовен советник кој има воспоставено блиски врски со локалните група за ментално здравје на деца и адолесценти. Шеснаесет вработени исто така се обучени за прва помош за менталното здравје. Главната асистентка Кејти Саутхал ја предводеше трансформацијата. Одговорна за благосостојбата на студентите, Саутал сфати дека треба да се направат повеќе работи за да се промовираат еднаквоста и различноста.

Истражувањата за младите луѓе кои се идентификуваат како ЛГБТ откриваат дека многумина се изложени на висок ризик предизвикан од проблеми со менталното здравје. Истражувањето за можностите на младите во 2016 година, спроведено од добротворната организација Метро во соработка со Универзитетот во Гринич, покажа дека од 6.414 испитаници на возраст од 16-25 години кои учествувале во истражувањето и се идентификувале како ЛГБТ, околу 44% рекле дека размислувале за самоубиство . Саутал вели:

„Од годишното истражување за благосостојбата на студентит, сфативме дека многу студенти се идентификуваа како геј или ЛГБТ, но не сакаа да бидат отворени во врска со тоа. Сега сме во позиција кога учениците отворено се трансродови, хомосексуалци, би, лезбејки или родови неопределени. За трансродовите лица имаме процедури за промена на името и работиме заедно со секоја млада личност. Тоа би значело посета во училиштето од страна на луѓе кои веќе транзитирале и се во можност да поразговараат со младите.“

Поддржувачите на ЛГБТ исто така го посетија училиштето, вклучително и актерот Сер Ијан Мекелен, ко-основач на добротворната ЛГБТ организација Стоунвол, и притоа разговараше со 35 студенти членови на неделната ЛГБТ група. „Еден поранешен студент кој е геј рече дека посакува училиштето да било поотворено кога бил во клучна фаза 3“, вели Саутхал. Во меѓувреме, основното училиште Арбери во Кембриџ работи напорно за промовирање на различноста и стана водич за позитивна пракса. Тој донесе низа иницијативи за уништување на родовите стереотипи низ училиштето, од укинување на значки за име во розова и сина боја за деца, до поседување универзална училишна униформа. Децата се учат да ги почитуваат различностите уште од самиот почеток: преку сликовници кои прикажуваат различни типови на семејства и разговори за време на собири, истакнувајќи ги основните правила на училиштето.

Околу училиштето се објавени материјали од Стоунвол со слоганот: „Различни семејства, иста љубов“. Училиштето исто така го слави месецот на ЛГБТ историјата. Персоналот е обучен да разбере како стереотипните ставови за тоа како момчињата и девојчињата треба да се однесуваат можат да ги спречат да го достигнат својот потенцијал. Вишата наставничка Кети Вајтинг вели дека училиштето советува други училишта за создавање транс-инклузивна средина, вклучително и обука за употреба на инклузивен јазик.

Наставникот Бен Тал вели: „Навистина е важно училиштето да биде подготвено за секој што ќе влезе. За децата од основно образование, што повеќе можеме да направиме за да не ги стереотипираме, толку подобро. Така и се оддалечуваме од бинарниот модел “.

Превод: Рушка Бабиќ

Source The Guardian